Линк до Core проектот - https://huggingface.co/Macedonian-ASR
Оваа апликација го автоматизира процесот на стартување на Core проектот (инсталира python, креира средина со потребни библиотеки за старт на апликацијата и го стартува Core проектот).
Наменета е да се користи на домашен компјутер со Windows 10 и Windows 11 оперативен систем (не е потребна интернет конекција за процесот на транскрипциија, но потребна е интернет конекција за прво симнување на проектот).
- Потребно е да имате инсталирано .NET 10 Runtime на компјутерот каде ќе ја користите апликацијата
- Старт на BukiOffline.exe
- Одбери CPU (процесор) или GPU (графичка карта) за процесот на транскрипција
- Одбери фајл за транскрибирање
Резултатот (транскриптот) ќе биде прикажан во конзола (CMD). Потребни се администраторски права при старт на конзолата и при инсталирање на Python.
